Полицијата го заплени чаталот на Шарената револуција. Денес со чаталот демонстрантите фрлаа боја на највисоките делови од Триумфалната порта, кои досега беа нечепнати.

13318753_939036526216602_1310838695_n

Чаталот заедно со „муницијата“ е во комбето кое, исто како и возачот,  се уште е во полициската станица „Пролет“.

Возачот и уште неколкумина демностранти беа приведени откако заврши протестот пред Собранието, но во полициската станица сега е само возачот. Пред станицата протестираат граѓански активсти чиј број постојано се зголемува. Бараат објаснување за приведувањето и скандираат „Многу ни е добар чаталот“ и „Шутка не ти бега Никола“./извор Либертас

Слични содржини