Положување цвеќе, ветувања за уште подобра иднина, патриотизам и гордост да се биде Македонец. Со вакви зборови беа исполнети честитките на политичарите кои денеска ги упатија кон граѓаните по повод 8 Септември – Денот на независноста.

unnamed1

Едни зборуваат за тоа како придонеле за подобра иднина на Македонците по 24 години независност, други пак за тоа како во ќе го подобрат животот на грѓаните и иднината на државата.

Делегации на владејачката партија денеска положија цвеќе на споменикот на паднатите борци во „Жена парк“.

Делегации на опозициската СДСМ положија цвеќе на гробот на првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров и на споменикот на паднатите борци во „Жена парк“, а лидерот Зоран Заев денешниот ден ќе го прослави со граѓаните во месноста Три Круши.

Премиерот Никола Груевски на грѓаните ќе им се обрати од Свечената академија во Македонскиот народен театар.

Честитки испратија и помалите политички партии, министрите, директорите, градоначалниците и другите функционери.

За разлика политичарите, граѓаните на социјалните мрежи различно си го честитаа празникот.

На пример, активистот Дамир Незири, Денот на независноста на своите сограѓани им го честита со видео во кое се гледа дека во Тетово едвај протекуваат неколку капки вода од чешмите.

На „Фејсбук“ може да се прочита и дека „За 25 години независност нашите политички партии избркаа повеќе народ отколку Османлиите во 5 века ропство“.

Левичарското движење „Солидарност“ напиша „25 години назадување, 8 Септември е добар датум да согледаме каде бевме некогаш, а каде сме сега. Споредено со 1990, последната година за која имаме податоци за СРМ, бележиме назадување во скоро сите важни сегменти на живеењето – животниот стандард, невработеноста, нееднаквоста, здравството, образованието. Наместо независност, добивме назадување.
Време е работите да се сменат! Нам не ни фали минатото, ни фали можноста за подобра иднина“.

 

МЕТА

Слични содржини