Политичка криза низ окото на Хан!?

од desk2
Додека еврокоемсарот Хан се среќава со лидерите на партиите, пратениците да почнат конечно со работа и да се избере нов претседател, информира Телевизија 24. 
Ова се очекувањата на Зоран Заев за вторник кога ќе се одржи и координацијата. Од партијата на Зоран Заев не очекуваат блокади бидејќи, велат, редно да профункционираат институциите, а Хан да придонесе  за трансфер на власта.
„Очекуваме дека ова прашање треба да биде конечно затворено и ВМРО-ДПМНЕ и Груевски треба да сфатат дека граѓаните на Република Македонија ја очекуваат новата реформска влада и треба да се испочитува она што беше испорачано како нивна желба на изборите на 11. декември“, изјави Јагода Шахпаска од СДСМ.
Сепак клучно за да може да се очекува продолжување на седницата во вторник е координацијата и договорот  за избори и именувања. Засега дека може да се очекува компромис од партиите во собранието нема најава. Од ВМРО-ДПМНЕ децидни на ставот – бројот на членови се определува математички и  според правилата тие имаат 6 членови.
„ДУИ можат само да сонуваат дека ние ќе се откажеме од нашето место заради нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Цврст на ставот и доскорешниот партнер на Груевски, Од Мала Речица порачуваат ДУИ и БЕСА не може да имаат ист број на членови затоа што, велат, ДУИ има повеќе мандати.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини