Политичката криза лани ја намалила кредитната активност на банките

од Vladimir Zorba

Кредитите на банките ја завршија 2016 година со пораст од само 1,2 отсто, што е значително послабо остварување во споредба со претходната година, кога тој изнесуваше 9,7 проценти, велат од Народна банка во нивниот годишен извештај за 2016 година.

„Сепак, движењата на кредитите во голема мера беа условени од измената во постојната регулатива од страна на Народната банка, според која, најдоцна до 30 јуни 2016 година банките имаа обврска да ги „исчистат“ кредитните портфолија од нефункционални кредити“, се вели во извештајот на Народна банка.

Учеството на нефункционалните во вкупните кредити се спушти до нивото од 6,6 проценти на 31 декември 2016 година.

Лани банките имале за една третина повисока добивка во работењето споредено со 2015 година./МЕТА

Слични содржини