Политико: Политичарите во Германија не успеаја да ја прекинат дебатата за дизел возилата

од Vladimir Zorba

Во Германија, како и во Брисел и Виена, беше изразена критика за договорот што го објавија трите најголеми производители на автомобили во земјата за обновување на софтверот на повеќе од пет милиони дизел автомобили, објави Политико.

Договорот беше постигнат во средата на состанокот меѓу политичарите и претставниците на компаниите. Конзервативците и социјалдемократите, кои имаат блиски врски со автомобилската индустрија, се надеваа дека со ова дефинитивно ќе го решат прашањето пред парламентарните избори во септември.

“И давам на договорената програма максимум три месеци”, изјави за новинската агенција баварскиот премиер Хорст Сихофер.
Европската комисија, од своја страна, предупреди дека внимателно ќе го следи развојот на софтверот за да се осигура дека ги намалува емисиите и дека потрошувачите нема да мора да ја платат финалната сметка.

Слични содржини