„Политико“: За три месеца Трамп потрошил 300.000 долари за адвокати

од Vladimir Zorba

   Во периодот од април до јуни 2017 година екипата на Доналд Трамп потрошила приближно 678.000 долари за правни консултации, соопшти списанието „Политико“, повикувајќи се на финансиските податоци добиени од екипата на шефот на државата, пренесе ТАСС.

Расходите за правници, правени од блиските луѓе на Трамп, суштински се зголемиле откако се истражува интервенцијата во претседателските избори во САД, што и се припушува на Русија.

Во текот на првото тримесечие од годината за адвокати биле потрошено 249.300 долари. А од почетокот на својата претседателска кампања Трамп за правни услуги потрошил вкупно над 4,5 милиони долари.

Американскиот шеф на државата го најмил авторитетниот адвокат Тај Коб да ги брани неговите интереси во врска со претпоставените контакти со руски официјални лица. Вработен во вашингтонската адвокатска канцеларија „Хоган Ловелс“, Коб ќе му помага во оваа дејност на личниот адвокат на шефот на дражата Марк Касовиц, кој не се справува со пројавените обврски, пишува весникот „ Њујорк тајмс“.

Според американскиот дневен весник, Белата куќа со огромно олеснување ја примило веста за ангажирање на Коб, поранешен обвинител, што се вбројува меѓу ветераните на американскиот правосуден систем, посочува ТАСС.

Претседателската администрација планира токму овој професионелец да го убеди Трамп дека треба претходно да ги информира своите помошници за преземените одлуки и да не ги става во неповолна положба кога се наметнува потребата пред новинарите да се објаснуваат мотивите за неговите чекори.

Асошиетед прес претходно соопшти дека Доналд Трамп веќе сериозно размислува за следните претседателски избори во 2020 година, па затоа на крајот на јуни организирал забава за собирање средства за својата идна изборна кампања и успеал за оваа цел да собере приближно 10 милиони долари, потсетува ТАСС

Слични содржини