Полицијата со водени топови ги растеруваше демонстрантите пред амбасадата на САД во Бејрут

од desk4

На протестите пред американската амбасада во Бејрут, против одлуката на Трамп за признавање на Ерусалим за главен град на Израел, дојде до судир помеѓу демонстрантите и полицијата.

Либанските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите.

Учесниците во протестот носеа палестински знамиња и фрлаа камења и други предмети врз припадниците на безбедносните сили кои поставија барикади на улицата кон америкаската амбасада во Бејрут.

Слични содржини