Полицијата трага по напаѓачот на возачот на турскиот амбасадор во Македонија

од Vladimir Zorba

Полицијата соопшти дека презема мерки за пронаоѓање на непознатото лице кое вчера попладне физички го нападна возачот на турскиот амбасадор во Македонија, додека со службеното возило бил паркиран пред македонското Министерство за култура.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:15 часот во Скопје, пред Министерство за култура било паркирано  возило „Мерцедес“ со дипломатски таблички од Амбасадата на Турција. Во еден момент дошло непознато лице и се обидело да го извади знамето на Турција од возилото. Откако не успеало во намерата, физички го нападнал О.С. (57) од Скопје, возач на турскиот амбасадор во државава.

Напаѓачот го удрил возачот со тупаница во пределот на главата, по што побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот, соопшти МВР во редовниот Билтен./24вести

Слични содржини