Полицијата во Манчестер стравува дека Абеди може да направил втора бомба

од Vladimir Zorba

 

Полицијата во англискиот град Манчестер стравува дека атентаторот-самоубиец Салман Абеди може дае направил втора бомба, пренесува весникот Индепендент.

Заклучокот на органите на прогонот е донесен врз основа на претресот на домот на атентаторот, каде што било прнајдени скриени хемиски експлозиви.
Полицајците се на мислење дека Абеди може да направил и други експлозивни направи за други радикални екстремисти.

Едната наводна експлозивна направа беше уништена со контролирана експлозија, а уште во средата извори од областа на безбедноста изјавија дека има реална можност да претстои наоѓање на уште материјали за бомби.

Слични содржини