Полицијата во Шпанија во пукањето по терористите го погодила британскиот олимпиец Гордон

од desk2

Британскиот олимпиец Винстон Гордон е ранет од заталкан куршум при пукањето на полицијата на групата осомничени терористи во Камбрилс, јави BBC.


„Кога одекнаа пукотници, нешто се одби и ме погоди в нога. Веднаш почувствував како нешто да ме пресече во ногата. Сфатив што се случило и викнав. Мислам дека куршум или дел од куршум одбиен од улицата ме погоди затоа што не бев на првата огнена линија кога полицијата пукаше. Бев во шок, не стигнав да размислувам“, вели Гордон, кој во болница се јавил следниот ден.

Инаку, во Камбрилс во петокот беа фатени пет терористи со експлозив, а полицијата пукаше во нив.
Нападот во Камбрилс се случи неколку часа по оној во Барселона, во кој загинаа 13, а беа повредени 100 луѓе.

Слични содржини