Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера анти-владините акции во Солун, објави БНР. Учесниците протестираа против договорот со Македонија.

Демонстрантите се обидоа да ги испровоцираат полицајците, кои во  густ  кордон  го обезбедувале премиерот Алексис Ципрас, кој разговарал со своите поддржувачи.

  Противниците на договорот со Македонија , меѓу кои е и конзервативната опозиција, тврдат дека тој нема да го зачува грчкото наследство на античките Македонци и ќе претставува потенцијална закана за територијалниот интегритет на земјата.

Договорот  покрај устав ните измени за да се избегнат ваквите тврдења  главно предвидува поранешната југословенска република да се преименува во Република Северна Македонија, во замена за што Грција ќе ги повлече противењата против нејзиното пристапување кон НАТО и кон Европската унија.