Половина од општините на истокот тонат во долгови

од desk4

Во милионски долгови се дават општините од Истокот, информира ТВ24. Половина се со блокирани сметки. Имаат пари само за плати и помали проекти. За капитални инвестиции тешко може да се размислува. Иако сите општини се во длабок минус, најзадолжена по глава на жител е Делчево. Треба да врати четири милиони евра, а основниот буџет, без блок дотациите им е 1,3 милиони.

„Тешко работиме со општината, но се наоѓаме и во овие три недели, наоѓам можности да функционираме минимално, сите институции под локална власт да функционираат и да работиме на проекти.“ – вели Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.

Сметката на општина Берово од март годинава е блокирана за долг од половина милион евра. И тие како Делчево плаќаат за обврски стари повеќе од една деценија. Најголемиот дел се камати. Но, за наплата стигнуваат и тековни обврски.

„Моментално работиме со лимит кој овозможува да не се извршуваат средствата кои се неопходни за нормално функционирање на општината. Обврските кон добавувачите во истиот период изнесуваат 22 милиони, кредитот од Светска банка кој беше земен на десет години за грејс период од три години, изнесува 23 774 милиони денари и три рати се намирени“, вели Ѕвонко Пекевски, градоначалник на Берово.

Високи 400.000 евра должи и малата општина Карбинци. И тие се со блокирана сметка. Претходната локална власт не плаќала за телефони, а солидна сума потрошила и низ угостителските објекти. Од поголемите неликвидна е општина Кочани, има повеќе трошоци од приходи. Само општинскиот долг е 2.6 милиони евра. Градоначалниците се надеваат на помош од Владата

„Разговараме со премиерот и има увид во ова и за другите општини и има решенија кои ќе бидат објавени идната година“, вели градоначалник Делчево.

Дополнителен проблем на општините им се и долговите на Јавните претпријатија и бесплатниот превоз на учениците. Превозот најмногу ги мачи Штип и Кочани. Само Кочани по овој основ должи околу 700 илјади евра.

Зборови кои не се пронајдени во базата:
Најголмиот, Пекевски, дана, фукционираат, Градоначалник,

Слични содржини