Ви недостасува ли сексуална желба ? Многу од луѓето страдаат од сличен проблем. Изморени се од натовареното секојдневие, чувствуваат потреба едноставно да легнат и да спијат. За секс ни збор да не станува.ccc406f95a82f0b79c0af9907a95cfb0

Ако сето ова ви се чини познато, ќе треба да си одговорите на уште едно прашање – спиете ли доволно?

Ненаспаноста влијае многу лошо на желбата за секс . А недостатокот на секс влијае погубно на врската .
Неодамнешна студија покажала дека жените кои спијат помалку, имаат намалена желба за секс до 14%.
Ако имате проблеми во спалната соба , една од работите кои можат да влијаат, е недостатокот на здрав сон.
Во истражувањето учествувале 171 жени. Тие биле замолени да пополнат анкета која се однесувала на навиките по однос на спиењето . Периодот на истражувањето трае 14 дена.

Истражувачите го набљудувале бројот на часовите за спиење на секоја учесничка и нивото на сексуална желба која инволвираните ја имале следниот ден.
Жените кои спиеле повеќе, природно, имале поголема желба за интимност .
Истражувањето исто така покажува дека сонот е од суштинско значење за гениталиите и возбудувањето и навлажнувањето. Жените кои спијат помалку или имаат нарушен сон, страдаат од вагинална сувост и проблеми со возбудливоста.
Влијанието на сонот врз сексуалната желба и возбуда покажуваат дека ненаспаноста може да го влоши трајно интимниот живот, што е предуслов за влошување на односите во врската.

Слични содржини