Анкара и Москва регенерираат и трговско-економските врски

1467200318-snam

Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган се договорија за симнување на ограничувањата на посети на руски граѓани во Турција. Прес службата на Кремљ соопшти дека оваа тема била земена во текот на 40-минутниот телефонски разговор меѓу двајцата лидери.“Беше забележано дека укинувањето на ограничувањата за посети во Турција за руски туристи се има предвид. При тоа е пожелно турската влада да преземе дополнителни чекори насочени кон гаранција  на безбедноста на руските граѓани на територијата на Турција “, се вели во соопштението на Кремљ. Од прес службата на Кремљ соопшти уште дека Путин за време на средбата со Ердоган, дека ќе бара од кабинетот да почне преговори со Турција за обновување на соработката во сферата на трговијата.”Рускиот лидер изјави дека ќе и заповеда на владата да почне преговори со соодветните турски заводи за обновување на меѓусебната билатерална соработка во трговско-економската и другите сфери” , се вели во соопштението на Кремљ.

Слични содржини