Помогнете им и на уличните кучиња на овие студови- направете картонска кутија за животните!

од Vladimir Zorba

Ниските температури не само што ги погодија бездомниците, тие негативно влијаат и врз бездомните животни.  Изминативе неколку дена социјалните мрежи се преполни со фотографии од мачиња и кучиња како се борат за опстанок. Бонго е куче скитник кое имаше среќа бидејќи во овие екстремно студени денови беше вдомен од едно семејство.

 По иницијативата на граѓаните по социјалните мрежи, многу куќи, кафулиња и компании ги отворија вратите за бездомните животни. Примерот односно иницијативата за згрижување на бездомните животни е земен од Турција и од Грција кои први направија ваков чекор.

Утре по иницијатива на граѓаните ќе се спроведува хуманитарна акција со која на бездомните животни ќе им се градат привремени куќички. Граѓаните ќе се соберат во Јавната соба од 17 часот, каде ќе се градат куќички со стиропор и картон. Исто така Јавното претпријатие „Паркинзи“ во општина Центар донира материјали за изградба на куќички за бездомните животни.

Извор: тв21

Слични содржини