Помош од НАТО за гаснење на пожарите во Албанија

од desk2

Хеликоптери на Грција и НАТО се вклучија во гаснењето на пожарите во Албанија. На барање на албанската влада, тие се вклучени на четирите големи пожари кои неколку дена се шират во северниот дел на земјата во подрачјето на Скадар.

Според албанските надлежни служби, во последните 24 часа во Албанија се регистрирани нови 12 пожари на подрачјата на Скадар, Тирана, Драч, Елбасан и Фиер./24 vesti

Слични содржини