Помошник државниот секретар на САД за прашањата на Европа и Евроазија Викторија Нуланд ќе ја посети Бугарија во рамките на нејзината европска турнеја, соопшти Стејт департментот.nuland

 Во Софија таа ќе разговара прашања за енергетската безбедност и диверзификација на енергетските извори, соработката во областа на одбраната и државните реформи. Турнејата на Нуланд почнува од Литванија, по што поминува низ Романија и Бугарија.

На 20 јануари помошник државниот секретар ќе го посети Светскиот економски форум во Давос.

 Нуланд е еден од “јастребите” во американската администрација. Таа  важи за одличен познаваач на регионот, а го привлече внимание, откако на нтернет истече телефонски разговор, во кој упатува навредлив коментар на адреса на ЕУ  во екот на украинската криза.

Слични содржини