Понеделнички СЈО излегува со конкретни обвиненија

од Vladimir Zorba

Поранешни високи функционери познати  и помалку познати на јавноста ќе се соочат со конкретни обвниенија од СЈО и Катица Јанева во текот на  наредната недела.

Повеќето од истрагите што се веќе спроведени од СЈО очекувам да завршат со обвиненија, за кои лица тоа е мошне важно прашање. За некои ќе има запирање на истрагата и отфрлање на обвиненијата, за некои ќе се поднесе обинителен акт, но во секој случај наредната седмица ќе бидат донесени јавни обвинителни одлуки, порача денеска од Охрид специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
СЈО ќе продолжи со истраги и отворање постапки и по први јули, бидејќи, вели обвинителката, мандатот на обвинителите е уште 3,5 години. Обвинителката побара да се реши проблемот со рокот бидејќи, како што вели, има уште многу неистражен материја од многу разговори на како што рече „разни“ јазици.
„Мандатот на СЈО е четири години со право на продолжување на една година, тоа е за мене и за останатите обвинители. Ќе продолжиме да работиме на нашата мисија, да ги обработиме сите разговори, а што се однесува до рокот за поднесување обвиненија тоа е дискутабилно, се разговара на таа тема, се надевам дека ќе се најде решение во најбрз можен рок“, изјави Јанева.
Обвинителката очекува во наредниот период да престанат опструкциите од институциите, особено од Кривичниот суд, каде вели Јанева ќе ги вкрсти аргументите. Предметите да добијата судска завршница, а мерките што ги бара СЈО да не бидат по автоматизам отфрлани.
Досега СЈО поднесе три обвинителни предлози, два веќе се во судска постпка – Шамарите во Центар, каде првообвинет е екс премиерот Никола Груевски и „Тврдина 2“ каде првообвинет е Горјан Грујевски, третиот за случајот „Транспортер“ каде прв обвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески за проневера на буџетски пари, се очекува до крајот на идната недела да добие и конкретен датум за старт на судењето.
Предметот е во рацете на судијката Лидија Петровска која беше дел и од прислушуваните разговори. СЈО досега отвори дваесетина истраги и осомничи поранешните високи функционери од Владата и партијата на Никола Груевски, вклучително и него.

Слични содржини