Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 13 до 21, а дневната од 30 до 37 степени, УВ = 8.

 летен-дожд

СКОПЈЕ Сончево и топло, попладне со  мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 37 степени.

 ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи. Во недела кон крајот на денот и во понеделник се очекува нестабилноста да биде поизразена и проследена со пообилен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.

Во почетокот на наредната недела дневната температура ќе опадне за околу 4 степени.

 

Слични содржини