Во Собранието на Република Македонија за 15 часот е закажана 75. седница на која на дневен ред ќе се најдат законите кои произлегуваат од договорот во Пржино што беа договорени на последната лидерска средба во Клубот на пратениците.

собрание2

Кабинетот на претседателот на Собранието соопшти дека ова било договорено на денешната координативна средба на првиот парламентарец Трајко Велјаноски со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

Според информацијата, на 75. пленарна седница на Собранието ќе се најдат следните точки: Одлука за Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето; Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик; Предлог-закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик; Предлог-закон за заштита на приватноста, Предлог-закон за заштита на укажувачи и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Влада.

Слични содржини