Силна бура предизвика големи поплави и торнадо , кои загинаа најмалку 7 лица во Мисури, Арканзас и Тексас. Повредените се десетици, соопштува CNN.

Неколку торнада го погодија источен Тексас , каде загинаа пет лица, соопштија властите.

Телото на 72-годишна жена е најдена  во југозападниот дел на Мисури, откако надојдените води го наполниле  нејзиниот автомобил. Друга жена починала во саботата, откако дрво паднало врз нејзината мобилна куќа во Арканзас, според податоците на полицијата.

Торнада поминале низ северен Тексас и  предизвикале многу разурнувања. Повеќе од 50 лица се повредени.

Спроведено е евакуација на стотици луѓе поради поплавите и уништувањата  предизвикани од торнадото.