Како во многу делови на Република Македонија, и во Охрид денеска делови од градот беа поплавени. Најзагрозени беа жителите на населбите Воска и Даљан, посебно оние околу реката Сатеска.

DSCN1833[1]

На улиците „Сатеска“, „Дејан Војвода“ и „Стив Наумов“ во населбата Даљан, како и на улицата „Аџи Мустфа“ во населбата Воска домовите на повеќе жители беа поплавени, а Кризниот штаб заедно со градоначалникот Бакрачески правеа увид во штетите нанесени од невремето.

DSCN1836[1]
Стручни екипи на Општина Охрид деновиве будно ќе ја следат состојбата со поплавите, а ќе бидат обезбедени дополнителни пумпи со цел почесно да се излева навлезената вода во домовите на граѓаните.

DSCN1839[1]
Инаку, вчера во вечерните часови, неколку охридски села повторно останаа без напојување со електрична енергија откако имаше обилни врнежи на снег во овој регион.

Слични содржини