“Либерија Аква Алта” е една од најоригиналните книжарници во светот и место кое стана задолжителна станица за туристите, но и за локалното население. Таа се наоѓа во близина на плоштадот Сан Марко во Венеција.libreria-acqua-alta-venezia-3

Во Венеција еднаш годишно се случува нешто што локалците го нарекуваат “висока вода”, по која нестандардното место за читање “Либерија Аква Алта” е поплавено. Ова сепак не ја попречува работата на книжарницата, бидејќи во овој период книгите пливаат во своите гондоли, чамци и кади.libreria_acqua-alta

Во поплавувачката книжарница можат да се најдат нови и користени книги, но тоа не ја прави посебна. Во неа се влегува директно од еден од главните венецијански канали и пред неа има маса со клупа на која посетителите можат да се одморат и да прегледаат книги кои ги интересираат.SONY DSC

Внатрешноста на книжарницата е создадена за да се забавуваат посетителите – редови и купишта книги, наредени во чамци гондоли, кади, гајби … т.е. сите предмети кои можат да пловат.195_libreria-acqua-alta-copertina

Светскиот патник и полиглот Луиџи Фриц ја отвора книжарница пред околу десет години, а од тогаш местото се етаблира како една од најинтригантните глетки на Венеција.6058124797_739c66a8e8_b

Слични содржини