„Ние сме Македонци и ништо повеќе ниту ништо помалку. Ниту еден демократ не би имал потреба групно или племенски да етикетира.
Денес, во Европа е потребен речник и култура за 2017 година, а не за 1913 година“ – реагираше вчера македонскиот шеф на дипломатијата Никола Поповски на изјавата на неговиот албански колега Дитмир Бушати кој во интервју за тиранската телевизија „Топ Ченел“ ги ослови Македонците како славомакедонци и ги коментира внатрешните случувања во земјава. Преку соопштение Попоски упати остра критика кон речникот на Бушати порачувајќи му пред  обидот за демонстрирање на глобално лидерство,  добро да погледне во сопствениот двор.
„Не е добро политичари од регионот да влечат чекори за потреби на претстојни избори. Целта е да создадат слика дека раководат со сите политички партии со етнички предзнак во регионот. Разбирливо е дека тоа се прави и за внатрешна употреба и за сопствениот рејтинг дома. Но, сепак, овие практики се надвор од нормална меѓусоседска соработка.
Најдобро е пред секој обид за демонстрирање на глобално лидерство, секој добро да погледне во сопствениот двор. Така, политичарите и во тие земји ќе се фокусираат на подобрување на домашните слабости.“ велат од МНР.
Според Попоски кој како именува некого е веројатно и одраз на почит и воспитување. Албанскиот министер за надворешни Дитмир Бушати во интервјуто зборувава и за улогата на Албанија во составувањето на новата македонска Влада. Претходно, лидерите на партиите на албанците во Македонија во два наврати беа на средби со албанскиот премиер Еди Рама, по што следи декларацијата со барањата на албанските партии.

Слични содржини