Секој треба да си ги исполнува своите обврски. Ќе обезбедиме за секој основан барател на азил во Република Македонија сместување и сите оние третмани за кои сме обврзани на меѓународно ниво, но во никој случај нема да дозволиме да бидеме претворени во бегалски камп бидејќи ниту еден мигрант не е дојден во Македонија со падобран, туку се влезени на наша територија од земја-членка на ЕУ.

nikola-popovski2_g

Ова го порача министерот за надворешни работи Никола Попоски во одговор на новинарско прашање по средбата во Скопје со неговиот чешки колега Љубомир Заоралек.

– Ќе обезбедиме хуман и безбеден транзит за сите, ќе ги примениме оние одлуки кои се донесени на европско ниво, ќе соработуваме како што сме соработувале досега и со Грција и со сите други земји членки кои ни помагаат, вклучително и Чешката Република, рече Попоски.

Нагласи дека на средбата со Заоралек покрај за мигрантската криза се говорело и за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО и за економската соработка меѓу Чешка и Македонија.

НАТО во бегалската криза: Грција бара гаранции, Македонија молчи како да се согласила на кампови?

Чешкиот министер истакна дека Прага и понатаму останува на своите ставови за прием на Македонија во ЕУ и НАТО и нагласи дека земјата е во групата пријатели на Македонија. Додаде дека заедно со него е дојдена и поголема група бизнисмени од Чешка кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија.

Двајцата министри оценија дека политичката соработка меѓу двете земји е одлична и нагласија дека економската соработка може да се унапредува иако во последниве неколку години бележи нагорен тренд и размената од 50 милиони евра е зголемена на 100 милиони евра годишно. Ги посочија енергетиката и туризмот како главни гранки во кои може да се унапреди економската соработка меѓу двете земји./МИА

Слични содржини