Попоски: Најдобро е кога има политичка влада што може да носи одлуки

од desk2

„Во овој момент тешко е да се прогнозира кога и во каква форма би формирале влада или дали би се одлучиле за повторни избори. Практиката ни покажа дека најдобро е кога имате влада со политички мандат, која може да носи одлуки и врз основа на кои може да цените колку е успешна“, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски, во интервју за Хрватската радио-телевизија (ХРТ).

Прашан како ги коментира критиките на сметка на владата на Никола Груевски во смисла на пресметките со политичките неистомисленици или задушувањето на слободата на медиумите, Попоски вели дека темата „поприлично се злоупотребува“ и дека „треба да ги погледнеме работите реално“.

Според Попоски „доколку во 2009 година се затвореше прашањето и Македонија беше во НАТО и да почнеше преговори со ЕУ, легитимно е да прашаме дали ќе дојдевме до ваква тешка политичка криза“.

Попоски вели дека „најголемата гаранција за стабилност во регионот е доколку сите земји од него се дел од Европската Унија и, оние кои сакаат, да бидат дел од НАТО“./цитира Мета

Слични содржини