Попоски: ОБСЕ клучна за изборниот процес во Македонија

од Vladimir Zorba

nikola-poposki

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски се обрати на втората сесија на овогодинешното Парламентарно собрание на ОБСЕ „Развој на демократски институции и човекови права во ЈИЕ”, што се одржа во Скопје.

– Активностите на ОБСЕ во континуитет се имплементираат преку заеднички програми во функција на клучните државни приоритети. На овој начин ги поттикнуваме реформските процеси истовремено исполнувајќи ја европската агенда – истакна Попоски во неговото обраќање.

Како особено важна ја истакна улогата на ОДИХР во мониторингот на изборните циклуси, години наназад, но и изборни циклуси што допрва следуваат.

Попоски одржа и работен појадок со Генералниот секретар на ПС на ОБСЕ Роберто Монтела и амбасадорите на Швајцарија, Украина и Латвија при ОБСЕ во Виена. Главни теми на состанокот беа политичките предизвици и изборните подготовки во Македонија, како и мигрантската криза.

Во таа насока, согoворниците изразија уверување дека за претстојните предвремени парламентарни избори ќе биде организирана масовна набљудувачка мисија на ПС на ОБСЕ, ОДИХР и други релевантни меѓународни институции, со цел евалуација на изборниот процес што треба да ја врати Македонија високо на Eвропската агенда./Мета

Слични содржини