Попоски за „Ла Верита“: Брзо формирање влада за да се избегне странското мешање

од Vladimir Zorba

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија во интервју за италијанскиот весник „Ла Верита“ вели дека најдобар начин да се одолее на странското мешање е брзо составување на влада.

-Од денес до крајот на месецот ќе се соочиме со денови коишто се решавачки за нашата земја. Подготвени сме да излеземе од тоа постабилни и посилни. Нашата цел е да влеземе во Европската Унија и во НАТО. Ние сме мала земја и затоа нашите односи со ЕУ треба да ги направиме постабилни. Кога си надвор од големите коалиции и кога си мал, лесно потпаѓаш под влијание на надворешните фактори. Ова главно произлегува од недостигот на стабилност. Сега оваа стабилност постои, затоа сум сигурен дека странските влијанија ќе изостанат. Кога падна владата во 2015 година, имаше многу странски притисоци од страна на играчите на меѓународната сцена, но и на странските разузнавачки служби. Не сметајќи ги притоа фондациите и лобијата, коишто се уште притискаат врз македонското граѓанско општество – вели Попоски во интервјуто за италијанскиот весник.

Попоски за „Ла Верита“ додава дека невладините организации се добредојдени доколку спроведуваат активности за поддршка на домашните заедници, а ако прават нешто сосема друго тогаш не се добредојдени.

–Отворено општество финансира субјекти коишто на нетранспарентен начин се занимаваат со политика, а тоа е неприфатливо за нас. Всушност, од овие субјекти произлегуваат медиумските притисоци и несоодветните влијанија врз јавното мислење. Но, од нив пред сè започнуваат политички битки, коишто како по некоја наводна случајност, секогаш вршат притисок во еден правец. Секогаш во корист на социјалистичката коалиција. Тоа според нас е дестабилизација – вели Попоски./Мета

Слични содржини