Поповски: Ни треба Законот за јазиците, но да не биде донесен на фушерски начин

од Vladimir Zorba

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Никола Поповски, на денешното продолжение на седницата на која се расправа за Закон за употреба на јазиците, рече дека ни е потребен ваков закон, но тој не треба да биде донесен на фушерски начин.

На ова, претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека за тоа, дали расправата е фушерска или не, ќе оцени јавноста, бидејќи како што кажа, јасна е намерата на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат работата.

„Веќе шест дена си реплицирате сами на себе. Јавноста многу добро знае кои се вашите тенденции“, рече Џафери.

Поповски повтори, дека тој смета дека ни треба ваков закон, но кога ќе се дадат аргументи зошто треба да биде донесен сега пред локалните избори и зошто се брза со неговото донесување.

Расправата за законот, пратениците ќе ја продолжат по 15 часот.

Слични содржини