Популарноста на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп е зголемена за девет отсто откако е избран за шеф на државата, покажуваат резултатите од анкетата на Политико/Морнинг консалт.трамп

Четириесет отсто избирачи имаат „многу поволно“ или „делумно поволно“ мислење за новоизбраниот претседател. Дванаесет отсто имаат „делумно неповолно“, а 24 проценти имаат „многу неповолно“ мислење за Трамп.

Станува збор за драстичен пораст на популарноста од 37 на 46 отсто во однос на анкетата пред изборите.

Негативното мислење е намалено од 61 отсто на 46 отсто. Зголемен е и рејтингот на претседателот Барак Обама – 54 отсто сметаат дека тој добро ја извршува работата, четири отсто повеќе од пред изборите.

Слични содржини