Порачајте си пуканки, не го пропуштајте рингот за Роналдо – еве го гонгот!

од Vladimir Zorba

Навивачите на Јунајтед сонуваат за враќање на фудбалерот кој станал херој на “Олд Трафорд”

Тоа ќе биде  битка за трансфер со епски димензии. Ова ќе биде блокбастер за актуелниот најдобар фудбалер во светот. Кристијано Роналдо би можел да го напушти Реал (Мадрид). И ако треба да се стигне до таму, тогаш за него може да има само една цел: Манчестер Јунајтед.

“А Бола” напиша дека CR7 изразил пред Реал желба за трансфер и неговото решение да сврти грб на шпанскиот рекордер по титули ова лето е конечна. Роналдо бил нефер обвинет од шпанските власти за даночно затајување во висина од повеќе од 14 милиони евра и бил незначително поддржан од неговиот клуб. Негирање за бараниот трансфер нема ниту од Португалецот, ниту од Реал (Мадрид). Затоа од “Марка” додаваат дека актуелниот освојувач на “Златната топка” им објаснил на соиграчите во репрезентацијата на Португалија:  дека го “напушта Реал (Мадрид). Таа е ојата одлука, нема враќање назад “.

 

Пораки како оваа, кои удираат како бомба, ги тераат финансиски најмоќните клубови во целиот свет да го наострат слухот. Бидејќи фактички само грст клубови би можеле да си го дозволат Роналдо. Суперѕвездата  го продолжи минатиот ноември договорот во Мадрид до 2021 година и во него вклучи клаузула за одрекување на неговите права против фиксна астрономска сума од 1 милијарда евра. Тоа е симболична и разубедувачки вредност, но во никој случај не е реална. Роналдо е на 32 години и ако сака да го притисне клубот за трансфер, Реал ќе мора да ја  исполни неговата желба. “Марка” напиша дека заинтересираните клубови можат да стават на маса 200 милиони евра, а конечно износот може да се заврти околу 180 милиони евра.

Кој би можел да ја плати оваа колосална сума и сериозна плата? Барселона евентуално, но еден трансфер кај вечниот конкурент Меси во Каталонија е целосно нереален. Во Германија Баерн е финансиски најсилниот клуб, но рекордер по титули во никој случај нема да инвестира толку само во еден единствен играч. Клубовите од Кина имаат огромни ресурси и се во состојба да притиснат за таков договор. Роналдо сепак е толку освоен од успехот, дека е тешко да се замисли човек дека ќе се раздели со Реал и ќе се натпреварува во втората класа од спортска гледна точка.

Манчестер Сити и Челзи се кандидати во Англија. И двата клуба во моментов сепак развиле филозофија врз привлекувањето на друг тип играчи и би било изненадување ако конкурираат за Роналдо. Така остануваат неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед на Островот и соборениот  шампион ПСЖ во француската Лига 1. Тие располагаат со потребните пари и силни состави со кои е можно да се заработат  трофеи, како и со аргументи да привлечат ѕвезда како Роналдо во својата земја. Ако дојде до фронтален судир помеѓу двата гиганти од тешка категорија, Јунајтед мора да стори сé за да го врати напаѓачот на “Олд Трафорд”.

Еден трансфер на Роналдо од спортска гледна точна не би бил бесмислен за “црвените ѓаволи”, а закана кон конкуренцијата дека клубот ќе преземе сè да припаѓа конечно повторно кон најдобрите во Англија и Европа.

Навикнати со успесите фанови жедни за борба за големи титули   по ерата на Сер Алекс Фергусон. Меѓу нив и Роналдо нема омраза, иако тој премина во Реал во 2009 година. Токму спротивното. Тие ќе го прифатат со отворени раце и бакнежи. Во интернет од неколку дена многу приврзаници веќе  се на седмо небо само од фактот дека има веројатност да го  видат изгубениот син повторно во црвениот тим.

Јунајтед бара играч од голем калибар по заминувањето на Златан Ибрахимвоич и можната продажба на Вејн Руни. Саканиот Антоан Гризман останува во Атлетико (Мадрид). Клубскиот на Роналдо во Реал Алваро Морати се сметаше за таков идеален кандидат. Но би бил таков тој, ако генералниот директор Ед Уудуард може да  се наддава сериозно за Роналдо?

Сумата од 180 милиони евра е многу голема дури и за Манчестер Јунајтед. Но ако некој играч вреди таков рекорд, тогаш тоа е Роналдо. Ниту еден спортист во светот не се продава подобро на пазарот. Еуфоријата околу него би била безгранична и продажбата на дресови огромна. Клубот би можел да   врати огромен дел од сумата само од тоа. А ако некој клуб знае како да се справи со маркетинг, тогаш ова е рекордер по титули во Англија.

Од спортска гледна точка во моментов нема никакви сомнежи во Роналдо. Зад него е најдобрата година во неговата кариера. Тој освои речиси сè што можеше да се освои, вклучувајќи третпат титулата во Лигата на шампионите во последните четири сезони. Од четвртфиналето до финалето на патот кон триумфот во Кардиф тој постигна 10 гола и им ја зачепи устата на сите свои критичари. Роналдо работи напорно и тренира како опседнат. Затоа не може да се очекува дека наскоро ќе мисли за кариерата. Сепак тој е на 32 години и треба да биде иницирано прашањето уште колку долго ќе е фудбалер од светска класа.

За да се процени колку долго Роналдо ќе постигнува врвни резултати, е исто толку важно, и какви  ќе се односите со сонародникот Жозе Мурињо. Кога Специјалниот си замина од Реал во 2014 година, тој не зборува само добри работи за напаѓачот. Нивните односи  првенствено во последната година не се сметаа за нај срдечни.

А Роналдо? Тој игра успешно во Виспата лигата меѓу 2003 и 009 година. Таму се разви од убавец на зелениот терен до гол машина, таму стана за првпат најдобар фудбалер во светот за годината и со Јунајтед освои за прв пат ЛШ. Таму тој би можел да продолжи да се докажува на највисоко ниво и да го  изведе Јунајтед до прва шампионска титула по една цела вечност за навивачите. Тоа звучи како една предизвикувачка задача.

Европскиот шампион со Португалија секогаш се   искажувал  позитивно за својот поранешен клуб. Тој секогаш истакнувал  колку  важен за неговиот развој беше искуството што го стекнал на “Олд Трафорд”. За него било еден вид враќање дома. И тоа токму сега, кога не се чувствува доволно поддржан во Мадрид, може да се врати на тоа место каде што ќе го пречекаат со раширени раце.

Една трансакција како привлекувањето на Роналдо опфаќа исклучително многу работи кои треба да се имаат предвид, а патот би бил навистина долг. Она што пред една недела изгледаше нереално, во меѓувреме изгледа возможно. Јунајтед треба да се фрли во битката на рингот, а навивачите можат да си ги нарачаат пуканките.

Слични содржини