Поради годишнина од Рамковниот, Талат го одложи Зврлевски

од desk2

Собраниската седница на чиј дневен ред е разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе продолжи в понеделник.

Иако собранискиот спикер Талат Џафери седницата ја презакажа за недела во 11 часот, сепак, дополнително пратениците биле информирани дека поради тоа што тој ќе се обрати по повод годишнината од Охридскиот договор, таа ќе продолжи на 14 август.

 

Претходно, опозицијата се бунеше што треба и во недела да работи, но Џафери и одговори дека поради нејзините маратонски реплики и контрареплики, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се виновни за тоа.

Слични содржини