Поради ладното време во Пјонгчанг: Опремата на Американците „појачана“ со греачи

од Vladimir Zorba

Студеното време во Пјонгчанг предизвика дизајнерите од „Ралф Лорен“ да внесат лесни греачи во официјалната опрема на американските атлетичари. Греачите ќе можат да се полнат од сонцето и да обезбедат топлина за спортистите најмалку пет часа. Уреди за загревање Американците исто така ќе имаат и во ракавиците.

Општо земено, ладното време е главниот проблем за сите гости во Пјонгчанг. Температурите ретко одат над 0 Целзиусови степени, при што ветерот дава чувство на уште поголема студ.

Метеоролозите очекуваат дека за време на првите ски скокови кои започнуваат во 20:40 по локално време, спортистите при летот ќе почувствуваат околу -29 степени.

Според показателот „студ“, Пјонгчанг е во топ 4 на Зимските олимписки игри. Лилехамер е на чело со просечна температура од -11 степени.

Се очекува на официјалното отворање во петок да биде околу -7 степени, но поради ветрот чувството ќе биде како да е -15. Поради оваа причина, гостите на церемонијата ќе добијат специјално направени за случајот кебиња.

Слични содржини