Поради невремето стотина интервенции на Штабот за заштита и спасување по обилните врнежи

од Vladimir Zorba

По обилните врнежи на дожд кои попладнево го зафатија главниот град, се појавија поплави во општините Бутел, Карпош и Ѓорче Петров, информира ТВ24.

Градските власти информираат дека на терен интервенирале поголем број на екипи на штабот за заштита и спасување на Град Скопје, со возила и пумпи во повеќе поплавени објекти интервенирале и екипи на Противпожарната бригада на Скопје и ЈП „Водовод и канализација“.

– И во наредниов период штабот за заштита и спасување на Град Скопје ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба, соодветно ќе интервенира, соопшти Град Скопје.

Поради истите причини вчера речиси три часа корисниците на услугите на „Телеком“ имаа прекин на телевизија, фиксна телефонија и интернет.

Од „Телеком“ информираат дека како последица на невремето што го погоди скопскиот регион, настанале технички проблеми и поради тоа дошло до прекин на услугите кај корисниците на територијата на град скопје и дел од територија на Македонија, како и до недостапност на контакт центарот.

„Нашите тимови се на терен и работат на брзо и ефикасно отстранување на проблемите со цел непречено користење на услугите“ се вели во соопштението на „Телеком“ објавено на нивната страница на фејсбук.

Слични содржини