Поради новата опција многумина уште повеќе ќе го засакаат Instagram

од desk2

„Instagram“ тестира нова функција која ќе им овозможи на корисниците на оваа апликација рачно да ги отстранат луѓето од листата на пријатели.

Кога ќе влезете во листата и ги отстраните, тие повеќе нема да можат да ги гледаат вашите фотографии, видео записи и приказни (Story), без никакви известувања.

Засега, се чини дека експериментот е ограничен само на одредени јавни налози на „Android“ – но бројот на луѓе кои ја добиваат новата функција постепено се зголемува, пишува „Verge“.

Корисниците кои ги поставиле своите профилни слики приватно (што значи дека е потребно да се прифати барањето испратено на корисникот на „Instagram“, за да можете да ги видите неговите објави), долго време имаа опција да „отфрлат“ следбеник, така што ќе го блокираат.

Со цел да видите дали ја имате новата опција, одете на почетната страна на вашиот профил на апликацијата и изберете ја листата на следбеници. Сега би требало да видите три вертикални точки покрај секој профил, кликнете на него и ќе ви излезе прозорец со опција да отфрлите некој следбеник. Последниот чекор е да кликнете „remove“.

Слични содржини