Поради Северна Кореја, европските авиокомпании ги променија маршутите за лет до Јапонија

од Vladimir Zorba

Три европски авиокомпании одлучија да ја променат маршутата за лет до Јапонија поради неодамнешните севернокорејски ракетни тестирања, соопштува телевизијата Ен Ејч Кеј.

Од октомври летовите на Луфтханза, Свис интернешенел ерлајнс и Скандинавските авиокомпании-САС од европски градови до Токио нема да се спроведуваат над Јапонското Море. Маршрутата ќе поминува над северниот јапонски остров Хокаидо и над северноизточниот брег на земјата.

Ова нема многу да влијае на времето на патувањето. Засега главните јапонски превозници Ол нипон ервејз и Џапан ерлајнс немаат намера да воведуваат слични мерки. Според експерти веројатноста од судир на авион со балистичка ракета е практично еднаква на нула, бидејќи тие летаат на различна висина.

Слични содржини