Поради силни турбуленции повредени 20 на летот Париз-Кина

од desk2

Најмалку 20 лица се повредени од кои четворица потешко, поради турбуленции во авионот на компанијата China Eastern Airlines над југоистокот на Кина на летот од Париз, јави денеска кинедкиот дрќавен медиум.


Новинската агенција Синхуа наведува дека инцидентот се случил кога авионот понирал за слетување на меѓународниот аеродром „кунминг Чангшуи“ во провинцијата Јунан.

На птниците им е пружена помош поради скршени коски, исеченици на главата и повреда на мекото ткиво предизвикани од пад на багаж или удар во преградите.

Комапнијата China Eastern Airlines соопшти дека организирана е медицинска помош за повредените, но не наведува детали.
Авионот слетал околу 9 часот, еден час по планираното.

Слични содржини