Поради скандалозни коментари Такева ќе тужи, а ТВ Стар ги прекинува сите односи со градоначалникот на Берово

од Vladimir Zorba

Скандалозни коментари на беровскиот градоначалник Драги Наџински, кон новинарката на ТВ Стар Даниела Такева.

berovo

Во статус на социјалната мрежа фејсбук, првиот човек на Берово го допре моралното, човечкото и политичко дно упатувајќи крајно недолични, понижувачи и сексистички коменатри  на сметка на колешката Такева.

Од само нему познати причини , Наџински на фрејсбук од својот личен профил го пишува следново:

Наџинки:  „Оваа  e неписмена. Незнам каква награда добила но знам кој и ја доделил.  Таа е новинарска проститутка ништо повеќе. Сега знам за овој мој коментар ќе напише нешто лошо за мене или за Берово, но се навикнавме, не е страшно, ја прочита народот“.

Бакрачевски: „Па, Драги , изгледа ти ја почна“

Наџинки: „Ако мислите на зборот „проститутка“ се мисли на новинарска, за сексуална ни на памет не су мислел зошто за таа нема кој пари да даде за такви работи“

 Бакрачевски: Расправијата со непримерниот речник

Поради скандални коментари на фб, напишани од Наџински, колешката  Такева ќе тужи, а ТВ Стар ги прекинува сите односи со градоначалникот на Берово:

  • Како медиум сме згрозени од нискоста на коментарите и во иднина ги прекинуваме сите релации со институцијата градоначалник на Берово, се додека нејзин вршител е Драги Наџински, изјави Оливера Жежова, уредник на ТВ Стар:

За скандалот ТВ Стар писмено ќе ги информира сите новинарски здруженија, Хелсинскиот комитет за човекови права, странските амбасади, мисијата на ОБСЕ и останати домашни и меѓународни  релевантни институции, но и партискиот лидер на Наџински, Груевски за да види какви градоначалници од неговата партија ги водат општините.

Слични содржини