Поради вирусот WannaCry се укинуваат казни во Австралија

од Vladimir Zorba

Полицијата во австралиската држава Викторија откажа стотици казни наметнати поради забрзување и поминување на црвено светло.

Според полицијата камерите крај патот биле заразени со компјутерскиот вирус WannaCry . Во соопштението на австралискиот весник “Ејџ”, цитиран од РИА-Новости, се наведува  дека над 50 камери, повеќето од нив во Мелбурн  се пресретнати од  вирусот меѓу 5 и 22 јуни. P: 5409833

Нападот со “WannaCry ” почна да се шири низ компјутерите со оперативниот систем “Виндоус “. Според податоците на американскиот весник. “Политико”, организираниот нападот на 12   хакери   користат  spyware програма, за која се претпоставува дека е на Агенцијата за национална безбедност на САД и служи за упад во компјутерските системи во целиот свет.

Сајбер-нападот погоди 200 илјади компјутери во 150 земји. Вирусот ја   блокира содржината на компјутерите и на екранот се појавува порака дека за Деблокирање засегнатиот корисник треба да плати одредена сума.

Според податоците на Ен-Би-Си оваа шпионската програма е на Агенцијата за национална безбедност на САД и во 2016 година била распространета од група хакери, нарекувајќи се “Шадоу брокрс” (Shadow Brokers). Компјутерските системи на федералните служби во САД не беа погодени од сајбер напади, а настрадаа  150 земји во светот

Слични содржини