Две православни цркви во Австралија на Велигден ги зафати пожар, само неколку часа откако во Њујорк на Менхетен изгоре српска православна црква. Денеска во текот на денот пожар зафати и манастир во Русија.

Од црквата во Њујорк по пожарот останале само ѕидовите, македонската православна црква во Сиднеј е целосно уништена, додека грчката православна црква во Мелбурн е само оштетена. Пожарот во Русија и понатаму е активен.

crkva-sidnej-860x680

Македонската православна црква Христовото Воскресение пожарот ја зафатил околу 22 часот по локално време, а во зградата немало никој. Во акцијата за гаснење на пожарот учествувале 60 пожарникари, а тројца се полесно повредени.

– Не изненади интензитетот на огнот, зградата многу брзо се сруши. Имавме среќа што има многу малку повредени – изјави Грег Малинс од пожарникарната служба.

Полицијата изврши увид, а дел од австралиските медиуми наведуваат дека се истражува и можноста за намерно подметнување на пожарот, поради фактот што во црквата имало многу пари поради велигденските донации.

Неколку саати порано пожар изби и во најстарата православна црква во Мелбурн.

Пожарникарната служба била повикана во 13.40 часот, само неколку часа откако завршила утринската велигденска литургија.

Евакуирани се околу 200 лица од околните згради, а повредени нема.

Зградата го издржала пожарот кој бил изгаснат по 30 минути, но пламенот ги оштетил ѕидовите, кровот и иконите во црквата.

Причината за пожарот во 115 години старата црква за сега не е позната.

Целосно уништена е и зградата на српската православна црква Света Сава на Менхетен во Њујорк, жртви и повредени нема.

Повеќе од 170 пожарникари биле вклучени во гаснењето на пожарот. Причината се уште не е позната, истрагата е во тек.

Пожарот избил во 19 часот по локално време, а локализиран е четири часа подоцна.

Огнена стихија денеска го зафати и манастирот Валам во северна Русија. Пожарот избил во хотелот „Винтер“ кој се наоѓа во стара зграда која му припаѓа на манастирот, а се наоѓа веднаш до катедралата.
Во пожарот кој зафатил 8.600 квадратни метри нема жртви, а 70 луѓе се евакуирани на време.
МЕТА

Слични содржини