Поранешен британски разузнавач, кој подготвил досие со компромитирачки информации за Трамп се крие

од Vladimir Zorba

Поранешниот британски разузнавач Кристофер Стил, кој го подготвил досието со компромитирачкитврдења за избраниот претседател на САД Доналд Трамп, се крие поради страв дека ќе биде ликвидиран. Ова го пренесоа агенциите, повикувајќи се на британски медиуми.

Пред да го напушти својот дом, Стил го замолил својот сосед да се грижи за мачката. Поранешниот функционер на британската служба за надворешно разузнавање МИ6 раководел со седиште во Лондон и приватна разузнавачка компанија.

52-годишниот Стил беше именуван како изворот на документот од 35 страници, во кој се зборува за компромитирачки информации за Трамп.

Мажот кој е во 90-тите години на минатиот век бил агент на МИ6 во Москва, со месеци давал информации на новинарите за досието, тврди весникот “Дејли телеграф”. Кога сфатил дека неговиот идентитет ќе биде откриен, Стил ја оставил мачка на еден сосед иму рекол дека ќе отсуствува неколку дена.

Потоа го напуштил својот дом во предградие на Лондон. Дописникот на Би-Би-Си во Вашингтон изјави дека го видел документот уште во октомври, како и тоа дека му рекле дека Стил се плаши за својот живот, бидејќи се разгласило дека Русија може да одигра улога во изборот на Трамп.

Целта на досието кое содржи недокажани тврдења, било да се покаже дека избраниот претседател на САД е подложен на уцени од руските служби за безбедност. Бизнис партнерот на Стил Кристофер Бароус ниту потврди ниту ги демантираше информации и дека нивната компанија е автор на документот. Предметната фирма – Орбис бизнис интелиџенс (Orbis Business Intelligence), основана е во 2009 година, а се рекламира како “водечки консултант во областа на наплатата на корпоративни информации” со “глобална мрежа” од контакти.

“Ние нудиме стратешки совети исполнуваме операции за собирање на информации и спроведуваме сложени, често прекугранични истраги”, пишува на страницата на компанијата.

Слични содржини