Поранешен министер за одбрана на СРГ влезе во бордот на најголемиот германски концерн за производство на оружје

од Vladimir Zorba

Поранешниот министер за одбрана на СРГ, Франц Јозеф Јунг (ХДС) влезе во Надзорниот одбор на најголемиот германски концерн за оружје – “Рајнметал”, соопштува националниот дневен весник Die Zeit.

Портпаролот на компанијата изјави дека акционерите го избрале 68-годишниот Јунг на редовното генерално собрание. Така поранешниот министер на Берлин ќе биде еден од членовите на надзорниот орган  кои треба да ја разгледаат одлуката за продолжување на спорните договори на “Рајнметал” да и продава оружје на Турција.
Франц Јозеф Јунг беше германски министер за одбрана во периодот 2005-2009 година. Во моментов тој се уште е член на Бундестагот.

Слични содржини