Поранешен пилот за средбата со НЛО: Никогаш не сум видел нешто толку брзо

од desk2

Американското министерство за одбрана според пишувањата на медиумите наводно пред десет години почнало со тајна програма чија цел е истражување појави на неидентификувани летечки објекти.

Поранешниот американски морнарички пилот Дејвид Фравор во неодамнешен разговор за Њујорк Тајм откри како пред 13 години доживеал средба со летало за кое смета дека не е од оваа планета.

Фравор во 2004 година управувал со борбен авион F/A-18F кога радиооператорот го замолил да истражи таинствен бел објект кој лебдел над морето.

Стандардната мисија на обука над брегот на Сан Диего така се претворила во настан кој овој пилот никогаш нема да го затвори.

„Никогаш порано не сум видел такво забрзување. Не знам што видов, но знам дека леталото не испушта гасови, нема крила или ротори и беше побрзо од нашиот F-18“, раскажува Фравор.

New York Times неодамна објави напис за таен „Напредна програма идентификација на воздухопловни закани“ кој наводно е основан 2007 година на барање на тогашниот сенатор на Невада Хари Рејд.

Од 2008 до 2012 година Пентагон според пишувањата на американските медиуми на програмата за истражување на НЛО потрошил повеќе од 22 милиони долари.

Иако програмата за финансирање на истражувања за НЛО заврши во 2012 година, власта продолжила да истражува необични воздушни феномени.

Вљубениците во НЛО и теоретичари на заговор уверени се дека американската влада со децении прикрива информации за постоење вонземен живот.

Слични содржини