Воената сила требало да се користи особено во моментот кога траел  нападот врз нашиот авион. Сега веќе воена сила ќе се користи според резултатот од настаните.

авио

Ако тие не  ни го вратат нашиот пилот, ако го убијат , тогаш треба да ги избришеме од лицето на земјата. Тоа  го вели поранешниот началник на Генералштабот на Руската армија Јуриј Балуевскиј  за  “ВЗГЛЯД”. Како што е познато, денес  турскиот премиер Ахмет Давутоглу коментирајќи  во врска со соборениот руски авион во Сирија рече :

 “… целиот свет знае дека секој кој ја  нарушува нашата граница, ќе добие одговор од наша страна”.

Потсетуваме дека денес руски фронтовен  бомбардер Су-24 беше соборен на сириска територија со ракета “воздух-воздух”, истрелана од турски борбен авион F-16.

– Јуриј Николаевич, според вас дали Турција одамна се подготвува, а  сега  само, сосема свесно, беше соборен рускиот авион?
– Тоа е предвидлив одговор на Турција и е јасно зошто … Затоа што ние удривме на нејзината болна точка – прекинат  им е дотокот на кислород, ако можам така да кажам, во планот за трговија со евтина нафта, кој одеше од Сирија кон Турција . И еве како ни одговорија тие – покажаа немоќна злоба. Мене друго нешто ме загрижува. Ние цело време зборуваме дека нашите авиони, кои таму летаат, треба да бидат под заштита на наши борци. Па, го прашувам, каде биле во овој момент нашите борбени авиони? Технички екипажот е должен да види дека се пресретнати на радарот. Фактот дека тие се катапултираа, тоа беше нивната реакција на тоа што тие биле пресретнати од проектили.

– Дали испораката на евтин нафта е толку важна за Турција? За толку богата земја? Или може сетотоа  да е геополитика?

– Ние бевме сведоци на официјално барање од турска страна на највисоко ниво, дека ќе ги  урне натрапниците на нивниот воздушен простор. Но, во случајот ние се наоѓаме во ситуација на виша сила. И Турција и Русија во моментов се членови на еден тим, кој уште не е формиран официјално, но има заедничка цел, ако се верува на официјалните изјави – ​​да се бориме со исламскиот тероризам. Тогаш зошто ова прашање не е решено на воено-техничко ниво? А, тоа е решението  и одговор на прашањето .

Јас сум убеден дека меѓу командантите на нашите авиогрупи и турските воени сили имало некакви контакти поврзани со т.н. виша сила – кога некој ќе помине повеќе или помалку во друга територија. Тоа не дава право на членовите на едниот тим да користи оружје против другиот. Но, гледаме дека тоа очигледно се случи.

– Тоа значи ли дека Турција се  претставува себе си за дел од заедничкиот тим, а брка свои интереси?

-Да, пред сè Турција има свои интереси. Во последно време сириската војска се префрли кон границата со Турција, и тие  кои Турција ги обезбедува . Во замена за тоа таа добиваше речиси бесплатна  нафта. И  Турците не беа заинтересирани за  границата да биде сигурно  чувана. Ние, сега имаме предвид  дека дојдовме тука и бевме водени од одлучна акција на Русија. Целта е една – да ја заштитиме државата од заканата од тероризам и да заштитиме и други држави. Турција посегна на еден од членовите на оваа коалиција. Ние сме едни од оние кои конкретно и решително ги уништуваме терористите. Реално Турција, судејќи според ситуацијата во моментов застана на страната на терористите. Така треба да ги прифаќаме денес настаните.

– Имаме ли денес во нашиот Генштаб планови на активности одделно против Турција, а не само против НАТО, како целина? Сигурно ова е тајна информација, но имаме ли одделни планови?

20151124.hheyhuyahj (1)

– Ајде само да поразговараме без какви и да било условувања и тајни. Турција е членка на НАТО. Наш обид да нанесеме удари по Турција веднаш ќе се гледа во НАТО како закана за целиот блок, со сите последици кои  произлегуваат од тоа. Логиката е таква, нели. Но, јас сум против оваа логика. Јас предлагам да се раководиме од 51-тиот член од Статутот на ОН – правото на самоодбрана. Руски авион беше ли уништен? Беше! Сега по сите правила треба да се реализира правото на самоодбрана. Ова право дава можност да се користи оружје против секој кој посегнал по суверенитетот на Русија, на конкретни руски државјани, во случајот на наши пилоти. Сега дипломатијата мора да премине … не кон војна, туку кон вистинска акција. Да не даде Господ нешто да се случи со вториот наш пилот!  Сега главното е да се одржи соодветната операција за спасување од заробеништво. Воена сила требало да се примени конкретно во овој момент. Сега веќе воена сила треба да се користи според резултатот од настаните. Ако тие не го вратат пилотот, ако го уништат, тогаш треба да ги избришеме од лицето на земјата. Тогаш треба да работи тактиката на “пеплосај до земја”. Не треба да биде поштеден никој!

Слични содржини