Поранешна ѕвезда на Барса вмешана во геј скандал

од desk3

Огромен геј скандал го потресе фудбалот, а во центарот е шпанскиот гигант Барселона. Поранешниот напаѓач на каталонците Џонатан дос Сантос, кој беше еден од најголемите таленти на “Ла Масија”, кој од 2015 година игра во ЛА Галакси, имал интимни односи со поранешните соиграчи. Скандалозното откритие го објавила поранешата свршеница на 28-годишниот напаѓач.

Таа за мексиканското издание “ТВ Нотас” изјави дека Сантос “ги пеглал чаршафите”  со моторот на Баерн Минхен Тиаго Алкантара. Најверојатно станува збор за заедничкиот престој на “Камп Ноу”, но подоцна и двајцата ја напуштија Барса. Пред да пристигне во САД, Дос Сантос играше во Виљареал, а таму се зближил повеќе од потребното со дефанзивецот Матео Мусакио кој од летото е дел од Милан.

Се очекува засегнатите да земат збор  на оваа тема. Можно е да станува збор и за одмазда на навредена свршеница. Тоа не е првиот секс скандал со Дос Сантос. Пред една година се појавија информации дека тој е уценуван од мафијата во Мексико за зачинет запис. Во него тој ја мамел свршеницата и бил подготвен да плати барања за поткуп. Неодамна, пак, четворица играчи на бразилскиот клуб Гаучо снимиле видео во кое симулираат секс меѓу себе во соблекувалната. Потоа играчите беа отпуштени.

Слични содржини