Поранешната сопруга на Боуви не сака да го напушти „Големиот брат“ и покрај неговата смрт
article-2276337-176E7C4D000005DC-448_630x1002

Поранешната сопруга на Дејвид Боуви, Енџи Боуви (66), одлучила да не го прекинува учеството во реалното шоу, и покрај смртта на својот поранешен сопруг, соопштиле продуцентите на „ВИП Големиот брат“.

Како што е и најавено, на Енџи веста за смртта на Боуви ѝ била соопштена без присуство на камерите. Натпреварувачите во „Големиот брат“ немаат никаков контакт со надворешниот свет, но овие правила се занемаруваат во случај на семејни кризи или смрт на блиски лица.

– Одлуката за останувањето во куќата на „Големиот брат“ ја донесе самата таа, иако ѝ дадовме можност да излезе во кој било момент, доколку сака. На Енџи ќе ѝ биде обезбедена сета адекватна поддршка – изјавиле од продукцијата.

Енџи била во брак со Боуви од 1970 до 1980 година. Во времето кога се запознале таа имала само 19 години и била негов менаџер. Исто така, се занимавала со моделство и глума. Меѓутоа, откако се развеле не биле во добри односи, па Енџи со Боуви не зборувала речиси 40 години.

– Тој ме мрази. Ќе направам сè за да го избегнам – рекла таа во една прилика.

Кога се развеле во 1980 година на Боуви му било доделено старателството над нивниот син Зови (тој денес себе се нарекува Данкан Џонс), кој станал успешен филмски режисер.

Сепак, Боуви песните „Најубавата ѕвезда“ (The prettiest star) и „Златни години“ (Golden years) ги напишал за Енџи.

Слични содржини