Поранешниот на Робин Рајт чека бебе од Лора Препон

од Vladimir Zorba

Бен Фостер ќе стане татко за прв пат.

Само година и половина откако раскина со свршеницата Робин Рајт (екссопругата на Шон Пен), Бен Фостер го очекува своето прво дете од друга актерка – Лора Препон.

36-годишниот актер започна да се појавува со 36-годишната Лора пред само неколку месеци, но очигледно двајцата брзо ќе создадат семејство.
Според гласините Бен и Лора се познавале цели 18 години, откако ги запозна пријателот Ештон Качер, со кого таа учествувала во шоуто “That ’70s Show”.

Неодамна Препон учествува во хитот со Емили Блант “Девојката од возот”, додека Фостер не престанува да се снима во блокбастер холивудски продукции како “Пекол” со Том Хенкс, “Часот на хероите” и др.

Слични содржини