Поранешниот пратенички состав на ВМРО-ДПМНЕ застана зад Реформаторите

од Vladimir Zorba

Со поддршка од поранешните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Ратка Димитрова, Михаил Пановски, Ѓулистана Марковска и низа други, Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ ја потпишаа Декларацијата за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ под наслов „Демократска ВМРО-ДПМНЕ за демократска Македонија“.

Реформаторите пораачаа дека поддршката од пратенците е од големо значење на Меѓународниот ден на демократијата и значи дека се на прав пат и дека ги застапуваат вистинските вредности и принципи на ВМРО-ДПМНЕ и интересите на Македонија.

Откако ја потпишаа Декларцијата, збор зедоа и пратениците искажувајќи ја довербата и причините за нивно потпишување и согласување со принципите на слобода на говор и мисла, рамноправност, непосреден избор, тајност во одлучувањето, неспоивост на функции, идивидуална одговорност, личен интегритет, квалитет и внатрепартиска солидарност.

Извор: Цивил

Слични содржини