Пораз на младата фудбалска селекција до 19 години од БиХ

од desk4

Македонската фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 19 години е поразена од соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

Македонските надежи го загубија првиот од двата контролни пријателски натпревари против БиХ на гостувањето во Зеница со 3-0.

Босанските репрезентативци постојано ја контролираа играта и го диктираат темпото, па така во 27 минута преку Едис Смајиќ дојдоа до првиот погодок.

И на почеткот на второто полувреме БиХ имаше две големи можности преку Недим Хаџиќ чии обиди не ја погодија целта благодарение на одличните одбрани на нашиот голман Велковски. Сепак, Хаџиќ во 72. минута успеа да го совлада Велковски за водство на БиХ од 2-0, додека во последната минута (90), Имад Рондиќ со прекрасен гол од далечина ги постави конечните 3-0 за домаќините.

Вториот натпревар Македонија и БиХ ќе го одиграат во четврток (19 октомври) од 15 часот, исто така во Зеница.

Слични содржини