Пораз на МЗТ Скопје и од Игокеа

од Vladimir Zorba

 

Кошаркарите на македонскиот шампион не ја искористија првата шанса за обезбедување опстанок во АБА лигата. Тие загубија на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ од Игокеа 67-71 во меч од  23. коло од регионалното натпреварување.
Сино-белите постојано заостануваа зад противникот, но секогаш беа на достижна дистанца до него. Во финишот со тројката на Ксавиер Темс поведоа и со 61-58, но потоа противникот постигна неколку коша во серија, и повторно го презеде водството, кое умешно го одржа до самиот крај.
Ѓорѓе Дреновац со 16, Ксавиер Темс со 15 и Јуре Лалиќ со 10 поени не му помогнаа на МЗТ Скопје да го избегне
16-пораз сезонава во АБА лигата.
По овој пораз македонскиот шампион е во ситуација да „мора“ да забележи победа на еден од последните два меча и тоа против црногорските екипи на гостувањето кај Будуќност следниот понеделник, или домашен терен против Морнар во последното коло.
Оваа рунда во АБА лигата ќе биде заокружена во среда со натпреварот Задар – Цибона./MIA

Слични содржини